Македонија
9. September 2022 - 16:33

Владата одлучила да ја зголеми капитацијата 5 дена пред протестот на матичните лекари

Од јануари лекарите и стоматолозите од примарна здравствена заштита треба да добиваат повеќе пари на сметка. Капитација за матични од 63 на 75 денари и за забари 61 е една од одлуките на Владата која уште пред десет дена е  доставена до Фондот на одлучување. Во ФЗОМ имаат рок од 60 дена да направат конкретна финансиска анализа и од кога може да стапи на сила.  Оттаму за Сител одоговорија дека веќе постапуваат по укажувањето на Владата и почнале со ревизија на барањето на избраните лекари.

ФЗОРСМ постапува по укажувањето на Владата и започна со ревизија на Барањето на избраните лекари, така што во рок од 60 дена ќе изготви анализи за сите прашања, вклучително и за начинот на плаќање на избраните лекари како и на капитациониот бод со приоритет за ранлива категорија на избрани лекари, млади, нови лекари или региони за кои постои тешкотија за прикрепување за доволен број на пациенти заради демографски причини, а согласно со започнатата реформа во примарната здравствена заштита од 2019 година(вклучена во Програмата за економски рефоми (ПЕР) ЗА 2021-2023 и 2022-2024, а имајќи ги во предвид зголемувањата на платите во јавното здравство, потоа потребата од трасирање на начин за зголемување на вредноста на капитациониот бод(75 ден. за избарни лекари и 61 ден за стоматолози) и намалување на големата дискрепанца меѓу јавното и приватното здравство во мрежа на примарно ниво.

Дека за сите барања на лекарите има понудени решенија министрите дале согласност на седницата на 30 ти август - 5 дена пред да почне протестот на матичните, но во јавност тоа никој не го соопшти.

Владата на седницата што се одржа на 30.08.2022 ја разгледа и усвои Информацијата за унапредување на системот на примарна здравствена заштита.

Владата го задолжи Фондот за здравствено осигурување во рок од 60 дена да изготви анализи за сите прашања, вклучително и за капитацијата и да ја информира Владата, ни одговорија од Илинденска ББ.

Освен подобрување на финансиската состојба, матичните ќе добијат и олеснување на препишувањето на лекови, преземање на ординација од страна на втор тим што го имаат како барање со години како и упатување на пациенти до лабораторија со повеќе анализи. Додека три дена протестираа на работните места, матичните кажаа дека 80 проценти од барањата се во интерес на пациентите.

- Да не оди на 3 до 6 месеци кај специјалист за хронична терапија туку извештајот од специјалист да биде неограничен, изјави Мевлудин Куч матичен лекар 

Со зголемување на сметките за живот, матичните за време на тридневниот протест укажаа дека многу ординации нема да опстанат со сегашните пари што ги добиваат.