Владата објави централна веб-страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19
Владата на Република Северна Македонија објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите.
-Адресата на новата владина „Коронавирус МК” веб-страница е koronavirus.gov.mk на која граѓаните ќе можат да се информираат за сите апели, совети, препораки и забрани со цел спречување на ширењето на вирусот, како и за медицински насоки во случај да почувствуваат симптоми, но и како да обезбедат психолошка поддршка во време на самоизолација. На веб-страницата постои и секција за економските мерки, на која ќе бидат објавувани сите уредби за начините на искористување на мерките од страна на фирмите и работниците, со цел спасување на работните места во државата, се вели во соопшштението на Владата.
Веб-страницата „Коронавирус МК” е придружена и од мобилни апликации (за Андроид и иОС) за поедноставен пристап, преку кои редовно ќе се испраќаат нотификации до граѓаните кои на својот смарт-телефон ќе ја инсталираат оваа апликација, поврзани со дневните апели на Владата за почитување на мерките, најави за прес-конференции, потсетувања за активните мерки и забрани и други информации во корист за граѓаните. Апликациите ќе можат да се преземат од новата веб страница. www.koronavirus.gov.mk/app.
Под името Коронавирус МК / Koronavirus MK, Владата отвори и Фејсбук, Инстаграм и Твитер страници на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување