Владата на бразилската држава Еспирито Санто соопшти дека постигнала договор за прекин на полицискиот штрајк
Властите на бразилската држава Еспирито Санто соопштија дека постигнале договор со полициските синдикати за ставање крај на актуелниот еднонеделен штрајк на полицајците, кој доведе до масовни насилства, анархија и убиства на повеќе од 120 лица.
Претставници на владата на Еспирито Санто изјавија дека се очекува полицајците да се вратат на работа денеска во 07.00 часот, по локално време.
Засега не е јасно дали повеќето полицајци ќе го почитуваат договорот. Роднини на полицајците кои штрајкуваат изјавија дека полициските синдикати, со кои локалните власти го склучија договорот, не ги претставуваат.
Полицискиот штрајк поради недобивањето плати во текот на изминатата недела доведе до вакуум во безбедноста и изроди масовни напади, грабежи и мародерство, честопати среде бел ден.
Ново на Сител
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче
-
СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ закана за граѓаните
-
Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
-
Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето, велат од Еуроњуз
-
Екипи и механизација на ЈП Македонијапат го расчистуваат снегот и ги одржуваат проодни патиштата
-
Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка