Владата ќе ја одржи 143-та седница

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна 143 седница на која меѓу другото ќе биде разгледана Информацијата за текот на преговорите за натамошна либерализација на трговијата со земјоделско – прехранбени производи по договорот за слободна трговија меѓу Северна Македонија и Украина.
Како што информираат од владината прес-служба, на предлог на Министерството за правда, Владата на на оваа седница ќе донесе одлука за Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за правосудниот испит.
Владата на денешната седница ќе биде информирана за Извештајот за извршените преговори за склучување на Протокол помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе, што го подготвува Министерството за внатрешни работи.
Министерството за економија на оваа седница ќе ја презентира Информацијата во врска со работата на работната група за координација и следење на процесот на измените на Договорот за основање на енергетската заедница, а Министерството за труд и социјална политика ќе информира за имплементацијата на Акцискиот план за вработување 2018-2020 година.
На предлог на Министерство за образование на 143-тата седница на Владата ќе биде разгледана и информацијата за „Средношколско демократско организирање“, за „Сеопфатно сексуално образование“ и за „Студентско демократско организирање“.
Ново на Сител
-

МВР го бара лицето кое го чувало заловениот волк во Козле, му следува казна до 20.000 евра
-

Уапсен возачот што удри 13-годишен велосипедист во Скопје
-

Нови 11,3 милиони денари поддршка за занаетчиите, малите и средните претпријатија
-

Владата донесе одлука за отворање македонска Амбасада во Литванија
-

СВР Битола апелира граѓаните да внимаваат на пријави за лажни сообраќајни несреќи
-

Во следните три дена прекин во снабдувањето со вода за сите корисници од водоводот Росоки-Дебар
-

Новата сезона во Хераклеа почна со туристи од Шпанија, Франција, Германија и Белгија
-

Гевгелија најтопла со 14 степени, нестабилно време со дожд и грмежи во текот на денот
