Владата идната недела ќе свика состанок со приватните превозници, ЈСП и Градот Скопје
Владата идната недела ќе свика состанок со приватните превозници, Јавното сообраќајно претпријатие и Градот Скопје со цел да се информира за каков проблем станува збор.
Ова денеска го посочи премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на која беше презентиран новиот Буџет на Министерството за 2023 година.
– Идната недела ќе собереме информации, да може да се информираме за каков проблем се работи и ќе бидат повикани сите три страни. Секаде каде што Владата може да помогне, во која било општина, без разлика од која политичка партија доаѓа градоначалникот, ние имаме обврска тоа да го направиме во рамки на можностите и надлежностите кои Владата ги има. Таков состанок очекувам да се случи и на него да се информираме за каков проблем се работи, бидејќи во моментов не знаеме, рече Ковачевски.
Сепак, како што посочи, Владата нема никаква надлежност во организирањето на јавниот превоз во градот Скопје.
– Не постои начин и надлежност државата да може да учествува. Дополнително на тоа што овде се работи за деловни односи меѓу приватни превозници и јавно сообраќајно претпријатие кое е во надлежност на Градот, рече Ковачевски.
Премиерот ги коментираше и вчерашните препукувања меѓу градоначалничката на Град Скопје Данел Арсовска и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Сведоци сме на уште една потврда за тоа како функционира Градот Скопје после се она што го слушнавме вчера во медиумите како градоначалникот избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ комуницираат меѓу себе. Тој начин на комуникација и таков начин на однос само покажува зошто 11 години државата ни беше заглавена, зошто беше на сите рангирања на светските независни институти за рангирање на демократијата во државите оценета како заробена држава и истото тоа со истите луѓе се потврди во град Скопје за само една година со уцени, закани со најпогрдни зборви меѓу себе, рече Ковачевски.
Ново на Сител
-
Тошковски: Во премногу рана фаза сме за да навлегуваме во детали за истрагата во Судскиот совет
-
ДПИ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
-
Тошковски: Уапсени 4 лица, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија
-
Кривична пријава против дебранец за поседување марихуана
-
Тошковски: Засилени полициски активности пред новогодишните празници
-
ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени
-
Изгоре сопственикот на куќата во вчерашниот пожар во Велес