Владата го усвои дополнителниот предлог за ребаланс на Буџетот за 2017
Владата на Република Македонија денеска на седница го усвои Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017, по завршената амандманска расправа во собраниските комисии.
Како што информира владината прес-служба со овој предлог за измени и дополнувања на Буџетот, се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат финансиски средства согласно со потребите на буџетските корисници.
Расправата по предложениот ребаланс на Буџетот во собраниската Комисијата за финансирање и буџет заврши вчера, а дополнетиот предлог од Владата треба да биде доставен до Собранието и да се расправа на пленарна седница.
Вкупните расходи со ребалансот на Буџетот се проектирани на 203.312.000 илјади денари, приходите на 184.745.000 илјади денари, а дефицитот 18.567.000 илјади денари.
Целта е да се намалат непродуктивните трошоци и обезбедување простор за реализација на политиките на новата Влада.
Според предлагачот, се крати од ставките за службени патувања, рекламирање, службени патувања и економски презентации, со што се обезбедува простор за буџетирање нови мерки за поддршка на граѓаните и фирми како што се минималната плата, решение за стечајците, поддршка за малите и средните претпријатија и земјоделците, укинување на радиодифузната такса и слично.
Ново на Сител
-
Манчестер Јунајтед ќе го намали персоналот и ќе ги затвори канцелариите ширум светот
-
Ким: Оружјето без идеологија е само „железен алат“
-
Македонија со победа над Полска ги заврши евроквалификациите во кошарка
-
Дамјан Стојановски стави крај на репрезентативната кариера
-
Трамп вели дека Путин би прифатил европски мировници
-
Украинскиот и европските министри за одбрана се обидоа да ги усогласат ставовите околу условите за мир
-
Макрон гледа „значителен напредок“ за Украина по средбата со Трамп
-
Британската Влада не ја сака Русија во Г7 додека трае војната во Украина