Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија

Владата на денешната седница го примила предлог-текстот на Договорот за подготовка, градење и експлоатација на прекуграничен железнички тунел, поднесен од Република Бугарија.
Како што соопшти Министерството за транспорт, во наредниот период предлогот ќе го разгледува работна група за чие формирање е донесена одлука и во која ќе бидат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министрите за финансии и за надворешни работи и надворешна трговија, Гордана Димитриеска-Кочоска и Тимчо Муцунски, и директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Синиша Ивановски.
Министерството за транспорт во соопштение наведува дека „Владата е силно посветена на изградба и модернизација на европските транспортни коридори, меѓу кои и Коридор 8“.
-Во таа насока изградбата на Коридор 8 е стратешки проект на кој се посветува огромно внимание и во рамки на приоритетите се преземаат активности за негова доизградба. Целта на Владата преку Министерството за транспорт е да се продолжи изградбата на источниот дел на железничкиот коридор 8 и истиот да се поврзе со Република Бугарија. Но, повторно ќе ги потенцираме ставовите на Владата, пругата за да биде функционална, а Коридорот 8 да има смисла и да ги исполни потребите за што е наменет, мора да има заеднички проект за тунелот со Бугарија и изградбата да се одвива заеднички во континуитет на целото тунелско решенија, информира Министерството за транспорт.
Посочува и дека е потребно „од бугарска страна да се доизгради пругата што недостасува до граничната точка, како и да се модернизира пругата од Ѓуешево до Софија“.
-Македонија од своја страна ќе изврши ревидирање на цената на чинење. Подобрувањето на поврзаноста во рамките на Западен Балкан и земјите од ЕУ е клучен фактор за понатамошна интеграција која ќе донесе придобивки за економиите и граѓаните на регионот, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
