Македонија
4. May 2021 - 16:37

Владата ги прифати барањата на медиумите

Владата ги прифати барањата на медиумите.  Ќе се основа медиумски фонд за проекти од јавен интерес. По направените анализи и консултации од Владата велат дека ќе се прифатат најголем дел од барањата на медиумите поврзани со најавените медиумски реформи, брифираат од таму за МИА.

Пакетот медиумски реформи главно се однесува на прифаќање на дел од барањата на медиумите и еснафските здруженија во делот на законските измени со кои се овозможува за проекти од јавен интерес Владата да може да спроведе едукативна и информативна кампања и преку радиодифузерите,  прифаќање на барањата за формирање независен фонд за истражувачко новинарство и за продукција на медиумски содржини од јавен интерес, како и темелни реформи во медиумската сфера во правец на остварување на новинарските права.

Со законските измени од Владата сметаат дека ќе се овозможи соджинска контрола за кампањите од јавен интерес и ќе има правична дистрибуција на средствата за закуп ма медиумско време кај сите радиодифузери под строго утврдени критериуми.

На тој начин владините кампањи од јавен интерес  како што се вакцинацијата ќе можат да допрат до граѓаните преку медиумите бидејќи сега Владата не може да го стори тоа поради законската забрана.

Во пакет со овие промени ќе бидеи медиумскиот фонд за истражувачко новинарство по примерот на европските змеји. Обезбедени ќе бидат помеѓу 1,5 и 2, 5 милиони евра на годишно ниво.