Владата ги повикува граѓанските организации да ги мониторираат јавните набавки
Владата ги повикува сите граѓански организации во земјава да се вклучат во мониторнигот на јавните набавки со цел да бидат целосно заштитени од можности за злоупотреби.
- Правиме уште еден сериозен чекор во отвореноста и транспарентноста кон граѓаните и сите оние кои имаат интерес да ги следат постапките и процедурите во насока на целосна контрола врз начинот на кој Владата ги троши парите на граѓаните. Во оваа една година од функционирањето концептот „отворена влада“ значи целосно отворање кон граѓаните и политика на максимална транспарентност и отчетност, како и објавување на сите документи, рече министерот за комуникација, отчетност и транспарентност Роберт Поповски на денешната прес-конференција во Владата.
Тој посочи дека склучените договори за сите актуелни тендерски постапки се објавуваат на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, а тоа, како што кажа, отфрла секаков сомнеж за сите заинтересирани за тоакако се спроведуваат постапките и кои се причините зошто е склучен определен договор со определена фирма.
Нагласи дека борбата против корупцијата е врвен приоритет на Владата, не само за напредокот во евроинтеграциите, туку и воопшто за унапредување на одговорното и демократско владеење и подигнување на квалитетот на животот во земјата за сите граѓани.
- Целта на Владата е процедурите за јавни набавки да бидат целосно заштитени од можностите од злоупотреби и со јавна контрола да се заштитат парите на граѓаните, рече Поповски и објасни дека граѓанските организации ќе имаат можност да се вклучат во процесот од самиот почеток и во сите фази на одлучување и спроведување на постапката за јавна набавка до склучување на договорот со избраните понудувачи.
Во Министерството за здравство веќе функционира овој систем, односно, како што посочи министерот Венко Филипче, претставници на граѓанските организации се вклучени дури во постапките на подготовка на тендерската документација.
- Во Министерството за здравство ги отворивме вратите за граѓанските организации за да членуваат во сите стручни комисии при подготовка на количините на лекови за одредена тендерска постапка. Во сите досегашни постапки на подготовка на тендерските документациии за типот на лекови и количината, присутни се сите здруженија во кои има пациенти директно засегнати, истакна Филипче.
Директорот на АД ЕЛЕМ Драган Миновски, информираше дека со група невладини организации што ги следат јавните набавки имале состанок на кој е изразена подготвеност за максимална отвореност. Тој оцени дека во процесот е потребно партнерство, доверливост и не изнесување на податоците на трети страни до крајот на постапката, со цел да не се наштети на конкурентноста во неа.
- Нашата основна цел е да имаме фер, чесен и конкурентен процес на јавни набавки, преку кој би обезбедиле што поквалитетна услуга или производи потребни за нашето функционирање и нашиот производствен процес, за што поповолна цена и услови, потенцираше Миновски.
Директорот на СОЗР Пеце Мирчевски потенцира дека сите јавни набавки кои ги прави Службата ќе се реализираат со строго почитување на законските процедури, водени од начелата на транспарентност и отчетност.
- Со тоа ја елиминираме можноста за мито и корупција, како и за местење на тендери, што било одлика во некое претходно време, рече Мирчевски, нагласувајќи дека во иднина во постапките нема да има практики на провизии и приоритетни добавувачи.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно