Владата донесе заклучоци и препораки во врска со аерозагадувањето

Владата на Република Македонија денеска на вонредна седница донесе повеќе заклучоци и препораки во врска со зголеменото ниво на загаденост на воздухот.
Владата усвои заклучок со кој се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) во Градот Скопје и Општината Тетово (каде беше констатирано дека во десет последователни дена ПМ-10 честичките се над дозволените граници), да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60-годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60-годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), до 4 јануари.
Владата на Република Македонија им препорачува на Градот Скопје и Општината Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата.
Владата го задолжи Државниот инспекторат за животна средина, до 4 јануари 2016 година да врши секојдневна вонредна контрола во инсталациите кои подлежат на А интегрирана еколошка дозвола и секој ден да доставува извештај до министерот за животна средина и просторно планирање и до министерот за здравство.
Владата им препорачува на Градот Скопје и другите општини, преку овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори, до 4 јануари 2016 година да вршат еднаш неделно контрола на инсталациите кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола само во делот на емисии во воздухот и имисии. При тоа, во рамки на контролите на територија на Градот Скопје и Општината Тетово, да се даде препорака за редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветната единица на локалната самоуправа.
Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да ги даде следните препораки до граѓаните почесто да го користат јавниот превоз, да не ги користат возилата без поголема потреба, да ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време и да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал.
Како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, Владата го задолжи Државниот инспекторат за животна средина да изврши контроли на сите автосервиси и доколку констатира неправилности при работењето од нивна надлежност да преземе соодветни мерки.
Владата на Република Македонија преку надлежните институции ќе ја следи реализацијата на донесените заклучоци и состојбата поврзана со загаденоста на воздухот.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
