Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Владата на денешната 19-та седница ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица со што цената на осигурувањето се враќа на ниво од пред 25 април годинава.
-Усвоените измени и дополнувања од страна на Владата, се по предлог на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при Министерството за финансии и со нив се утврдува опсег од 15 до 30 отсто, во којшто друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност. За износ на трошоците над 30 отсто, предвидено е, друштвата за осигурување, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување, информираат од Владат аи нагласуваат дека денешната одлука на Владата значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година.

Дополнително е утврдено дека Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, најдоцна до 30 септември, секоја година, до Владата доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.
Владата на денешната седница ја разгледа и утврди и Нацрт Реформската агенда 2024-2027 година во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан, со статус 30.04.2024 година и ги прифати сите технички корекции на реформските цели и следните чекори, по што се испраќа до Европската комисија.
Реформската агенда, согласно предвидената процедура, треба да биде усвоена од Европската комисија, со што ќе се отвори можноста за потпишување Договор за инструментот за реформи и раст и Договор за заем, како и поднесување Барање за повлекување на првата транша, односно за авансот во висина од 7 отсто од алокацијата за земјава.
Ново на Сител
-

Над 741 илјади туристи ја посетиле државата за седум месеци, најмногу од Турција, Германија и Србија
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
