-->
-->
Владата бара Регулаторна да го преиспита поскапувањето на водата од ЈП „Студенчица“
-->
Владата го разгледа Тарифникот за утврдување на цените на водни услуги на ЈП за водоснабдување "Студенчица" Кичево, за снабдување со сурова вода наменета за населението од Регионалниот водовод Студенчица и донесе одлука да не даде согласност за зголемување на цената на водата што го предлага Регулаторната комисија за енергетика.
Ова се наведува во соопштението од владината прес-служба по завршување на 52 седница.
- Владата на Република Македонија е против одлуката за покачување на цената на водата бидејќи таа паѓа на сметка на крајните корисници, односно граѓаните и донесе заклучок да и препорача на Регулаторната комисија за енерегетика да ја преиспита својата одлука за одобрување на покачување на цената на водата, а ЈП Студенчица да направи нова анализа за барањето за корекција на цената на водата, стои во соопштението
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование
-
Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна