Влада на РМ: 2. септември краен рок за пријавување штети од поплавите
Владата на Република Македонија информира дека краен рок за пријавување на настанатите штети (на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд) од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица, е петок (2 септември 2016 година) заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот.
Сите лица од горенаведените населени места кои досега ги немаат пријавено штетите од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, истото може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово, заклучно со 16:30 часот во петок, 2 септември 2016 год
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето