Влада: 250 евра ваучер за сите студенти за електронски уреди и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади
Фокус на оваа Влада е обезбедување на пристојни услови за живот и успешен образовен процес за студентите и младите.
За таа цел, во Буџетот за 2025 година обезбедени се средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди - телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади.
Ваучерот за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет.
Додека пак, финансиската поддршка до 30.000 евра за младите за отпочнување на бизнис, значи дека младите ќе можат своите бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови.
Преку различна поддршка, мерки и проекти работиме за задржување на младите и студентите иднината да ја градат тука во сопствената држава.
Токму затоа како Влада се обврзавме на вклучување на младите во носење на важни одлуки и слушање на нивните проблеми и барања.
Владата е партнер на младите и студентите.
Посветено и одговорно работиме и придонесуваме за подобар живот за сите, иднина и просперитет.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија