АХВ: Од „тобако“ во Скопје уништени околу два тони небезбедна храна
По доставена иницијатива од граѓани за спроведување вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спровела контрола кај оператор со храна кој стопанисува со киосци (тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок.
За утврдениот прекршок, соопштија денеска од АХВ, инспекциските служби на Агенцијата издале решение за уништување на 1920 килограми небезбедната храна повлечена од неколку киосци со кои стопанисувал операторот. За сторениот прекршок, изречена е парична казна.
- При спроведена вонредна инспекциска контрола во угостителски објект во Битола, затекната е небезбедна храна во количина од 241 килограм, која по издадено решение од инспектор нештетно е уништена. За пуштање во промет на небезбедна храна на операторот изречена му е казна во висина од 600 евра во денарска противвредност, а со 300 евра во денарска противвредност, казнето е и одговорното лице во правниот субјект. Дополнително, на овој оператор со храна изречена му е и казна од 300 евра и 150 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице за неизвршени задолжителни здравствени прегледи за вработените, соопшти АХВ.
При редовен инспекциски надзор, во Охрид, со 1400 евра (1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице во правното лице) во денарска противвредност, казнет е и маркет за пуштање во промет на небезбедна храна (сувомесни производи и мелено месо) кои биле без декларација и со поминат рок на употреба. Заради неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените, во Охрид, соопштија од АХВ, парично казнета е и месарница.
Ново на Сител
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка