Вкупно деветнаесет активни случаи на Ковид-19 во Крива Паланка и Кратово
Бројот на активни случаи на лица со Ковид-19 во општините Крива Паланка и Ранковце изнесува единаесет, додека осум активни случаи се евидентираат во општина Кратово, откако во текот на вчерашниот ден регистрирани беа уште по еден нов случај на заболени од Ковид-19 во Крива Паланка и Кратово.
Само во текот на минататa недела, од 27 до 31 јули 2020, на шеснаесет лица од Крива Паланка и Ранковце им се издадени решенија за изолација или самоизолација, информираат од Министерството за внатрешни работи, сектор за внатрешни работи Куманово.
Оттаму посочуваат дека на подрачјето на Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, ПС- ОН Кратово и полициско одделение Ранковце, само во изминатата недела вкупниот број на лица на кои им е изречена мерка медицински надзор и домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат е 16 лица, од кои на подрачјето на Крива Паланка, 15 лица и едно лице во општина Ранковце.
-На подрачјето на трите општини во текот на истата недела нема издадени прекршочни платни налози по чл.6 од уредбата на Владата со законска сила за носење лична заштита, се наведува во информацијата од СВР Куманово.
Последниот заболен случај со Ковид-19 во Крива Паланка е младо лице под 30-годишна возраст, вработено во угостителски објект, од каде што на официјалниот Фејсбук-профил беше наведено дека целиот персонал ќе се тестира и локалот е затворен се до добивање резултати на целиот персонал.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска