Вкупно 87 кандидати за пратеници за новиот бугарски Парламент биле соработници на поранешната Државна безбедност
Вкупно 87 од кандидатите за пратеници за новиот состав на бугарскиот Парламент биле поврзани со поранешната комунистичка Државна безбедност (ДС) и разузнавачките служби на Бугарската народна армија до 1989 година. Имињата на повеќето од нив веќе се објавени во јавноста, а тие станаа познати со одлуката на бугарската Комисија за досиеја.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, за изборите за 4 април има пријавено вкупно 5.962 кандидати за пратеници, од кои 2.620 биле проверени од Комисијата, а 3.342 не подлежат на инспекција затоа што се родени по 16 јули 1973 година.
За 15 од кандидатите на опозициската Бугарска социјалистичка партија утврдено е дека имале врски со поранешната Државна безбедност. Од ВМРО има седум, од Движењето за права и слободи – осум, а во списоците на ГЕРБ има само еден.
Двајца соработници на ДС има и на списоците на „Стани!-Погледни надвор“: Христо Илиев, израснат во Сливен и Маријана Чонова Сарафова, која е кандидатка од Пловдивско. Нивната коалиција денеска соопшти дека ги повикала да ги напуштат кандидатските листи.
Во „Има таков народ“ на шоуменот и ТВ-презентер Слави Трифонов пронјадени се тројца кандидати со врски со поранешната ДС, а Комисијата идентификува и еден кандидат за пратеник во „Републиканците за Бугарија“, кој се наоѓа на списокот во Шумен. Станува збор за Валентин Ваков, кој објави дека се повлекува од изборната кампања затоа што „не сака навестувања поврзани со неговото професионално минато“ да влијаат врз активностите на партијата. Четворица се пронајдени на списоците на АБВ.
Постојат осум кандидати за пратеници поврзани со Државната безбедност во синдикатот Волија-НФСБ, и тројца во „Преродба“.
Само „Демократска Бугарија“ нема во своите списоци соработници на поранешната Државна безбедност.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија