-->
-->
Вкупно 53 повредени при принудно слетување на авион во Саудиска Арабија
-->
- Вкупно 53 лица беа повредени денеска, од кои еден посериозно, при принудно слетување на авион на компанијата „Сауди Ерлајнс“ во саудискиот град Џеда.
Авионот од типот „Ербас А330“ полетал од Медина кон главниот град на Бангладеш, Дака, со 140 патници и 10 членови на екипажот, но пилотите набрзо воочиле проблем во хидрауличниот систем, соопшти Бирото за истраги во цивилното воздухопловство на Саудиска Арабија.
- Патниците беа евакуирани. Педесет и двајца од нив се полесно повредени, а една патничка има неколку фрактури и во моментов добива медицинска нега, соопшти Бирото.
За случајот е започнат истрага. Според саудиските медиуми, авионот долго време кружел над аеродромот во Џеда пред да го изврши принудното слетување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци