-->
-->
Вкупно 45 апликации за мерката самовработување во Куманово
-->

На последниот оглас за мерката самовработување во кумановскиот Центар за вработување аплицирале 45 невработени кумановци, информираа денеска надлежните од Центарот за вработување.
Оттаму потсетија дека на првиот оглас во оваа година имало 102 апликации, од кои биле изберени 54 бизнис планови, а на вториот оглас 71 невработено лице доставиле апликација за оваа мерка. Пристигнатите апликации се во фаза на разгледување.
Раководителот на Центарот за вработување Куманово Милорад Тренчевски, рече дека има огромен интерес за оваа мерка и оваа година, и изрази надеж дека ќе има над 100 отворени правни субјекти-нови фирми.
Евалуацијата од вториот оглас, нагласи се очекува да заврши до крајот на октомври, годинава, додека до Нова година се очекува целосна реализација на сите три огласи.
Тој ги потенцираше и дополнителните седум вработувања од првиот оглас, кога фирмите вработуваа невработени лица, активни баратели на пазарот на трудот, за што добива 1.500 евра или 92.000 денари неповратни средства.
- По тој основ имаме седум одобрени апликации, изјави Тренчевски.
Во Куманово има голем интерес и за „Македонија вработува 2“, објасни раководителот, и нагласи дека досега преку овој проект се вработиле 104 лица, за што фирмите добивале ослободување од плаќање придонеси во зависност од возраста на ангажираното лице. Овој проект се вклопува во мерката самовработување каде што лицата покрај добиениот грант, можат да ги користат и бенефитите од „Македонија вработува 2“.
Невработените лица од Куманово пројавиле и интерес за следење обуки за странски јазик и комјутерски вештини. За разлика од минатата, годинава бројот на заинтересираните за следење бесплатни обуки е поголем, така што, според податоците на Центарот за вработување за германски јазик има 120 заинтересирани, за англиски 95 и за француски седум.
Преку ИПА програмата, информираше Тренчевски има 60 за германски, 57 апликации за англиски, по четири апликации за италијански и албански јазик.
- Паралелно со мерките на Владата имаме и ИПА проекти кои се наменети за обуки, јазици, компјутери, преквалификациите кои се одвиваат во средното „Наце Буѓони“ за негувател за стари лица и аргон заварувачи, изјави Тренчевски.
Обуките за напредни ИТ вештини, исто така се барани кај невработените кумановци, посочуваат налдежните од Центарот. По 30 апликациим има за и за MCSD и седум за cut. За обуката за странски јазици за сертфикатот bulats се пријавиле 46 невработени кумановци.
Вкупната бројка на ангажирани лица за обуки, за странски јазици и комјутерски вештини и преквалификации во Центарот за вработување Куманово изнесува 786 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
