Вкупно 1.944 повици на 112, најбарана полицијата
Изминатото деноноќие, од вкупните 1.944 повици на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, „реални“ повици биле 31,28 отсто, а 68,72 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни, се наведува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Од оние проценети како реални, кон полицијата биле упатени 52,90 отсто, кон Итната медицинска помош 42,03 проценти, кон пожарникарите 2,90 отсто, а 0,43 проценти кон АМСМ.
- Повици за итни случаи на 112, на број 1.308 повици - што се вкупен број, збир, од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,81 отсто со другите 68,72 проценти што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, а и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во секторот Е-112 во содејство со секторот за операции и координација, секако истовремено според стандардните оперативни процедури во координација со ангажираните институциите во системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи, се додава во соопштението на ЦУК.
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ