Вкупно 1.903 повици на 112 во изминатото деноноќие
Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие имало вкупно 1.903 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 33,16 отсто, а 66,84 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 55,10 отсто, кон Итната медицинска помош 39,59 проценти, кон пожарникарите 2,45 отсто од реалните повици.
- Инаку, 1.279 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,86 отсто со другите 68,72 проценти што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а на директно координирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во секторот Е-112 во содејство со секторот за операции и координација. За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи, додаваат од ЦУК.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра