Македонија
26. July 2022 - 15:54

Вкупно 189 интервенции за шест месеци имале кавадаречките пожарникари

Вкупно 189 интервенции за шесте месеци од оваа година имале кавадаречките пожарникари, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Оваа единица интервенира на подрачјето на кавадаречка и росоманска општина, но, по потреба помага и во други општини.

- Имаме евидентирано 33 пожари на куќи, подруми, тавани. Регистриравме и 48 гаснења на пламени јазици на отворен простор, сува трева, шамак, шума. Во 38 случаи имаше пријави за пожари на оџаци, а во 43, за горење на контејнери. Техничка интервенција беше реализирана во 25 наврати, соопштија од противпожарната единица.

Оттаму нагласија дека и понатаму, работат и на превентивните мерки, со цел зголемување на противпожарната свест кај населението.