Вкупно 16.100 земјоделци добиле поврат на персонален данок на доход

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека досега е реализиран поврат на персонален данок на доход за 16.100 земјоделци во вкупен износ од 76,745,269 денари за приходи остварени од продажба на сопствени земјоделски производи во текот на 2018 година.
-Воедно информираме дека исплатата е реализирана кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки. Земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на персонален данок од доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус рок во најблиските подрачни единици на Управата за јавни приходи, наведува УЈП.
Со измените во Законот за персонален данок на доход, право на поврат на персонален данок на доход остваруваат земјоделците на кои земјоделството им е основна дејност, оние кои немаат остварено приходи по друг основ, односно кои оствариле приходи единствено од продажба на земјоделски производи до еден милион денари, кои не се ДДВ обврзници, не се во работен однос и не остваруваат приходи од закуп или од игри на среќа.
Според првичните податоци од евиденциите на УЈП и Министерството за земјоделство, правото на поврат на персонален данок од доход го остваруваат околу 17.000 земјоделци. На почетокот на 2018 година, Владата го измени Законот за персонален данок на доход, со што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходните 300.000 денари на 1.000.000 денари. Дополнително, со законските измени значително се поедноставија даночните постапки за земјоделците, како поднесување на барања за регистрација и плаќање административни такси.
Ново на Сител
-

Нови ограничувања за казината: Забрана за реклами, да се оддалечат на пола километар од секое училиште
-

Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Трамп: САД се обидоа да испорачаат оружје за иранскиот народ, но Курдите нè изневерија и го задржаа за себе
-

Од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија
-

Повторно активен пожарот кај Штип, зафатени викендици, повредено едно лице
-

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека тие ја докажуваат законитоста на фирмата
-

Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
-

Четиринаесет-месечно дете од Куманово затруено со средство за чистење
