Визите и непознавањето причина за незначителна бројка на туристички посети меѓу Иран и нашата земја
Визниот режим и недоволната запознаеност со туристичките капацитети се главна пречка за незадоволителната бројка на туристички посети помеѓу Иран и Северна Македонија.
Амбасадорот на Исламската Република Иран, Хусеин Керими, на презентацијата на туристичките потенцијали на Иран истакна дека е токму во функција на предизвикување интерес за зголемување на туристичката соработка, за што, вели, потенцијалите се големи.
-Меѓу шест и осум милиони Иранци годишно излегуваат од земјата за туристички цели. Ако успееме само еден процент да привлечеме во Македонија, тоа ќе биде задоволително, рече амбасадорот Керими.
Тој смета дека за воспоставување соработка потребна е иницијатива од туроператорите од земјава за соработка со ирански туристички агенции. Најдобар начин да се дојде до партнерство е со посета на големите туристички саеми во Техеран и во Исфахан.
Во однос на визите, амбасадорот Керими додава дека Амбасадата е подготвена да помогне со издавање визи за туристички посети во најкус рок, нагласувајќи дека аплицирањето може да се врши и по електронски пат од кое било место. Веќе разговарале и со нашето МНР за олеснување на издавањето визи за групни туристички посети.
Македонските туроператори се согласуваат дека визите се најголем проблем за воспоставување позначајна туристичка соработка, што е, велат, случај и со Кина, и бараат олеснување на визниот режим.
Биљана Пејоска Ристеска од Стопанската комора за туризам на Македонија вели дека за иранските туристи постапката за издавање визи е сложена и мора да аплицираат во нашата амбасада во Турција.
Претседателот на Комората за туризам на Македонија, Касам Шакири, истакна дека ова е прва средба од ваков вид со Иранската амбасада, која се надева ќе помогне за подобро запознавање со туристичката понуда на оваа земја и остварување соработка.
Иран годишно го посетуваат околу три милиони странски турсити, главно од Европа, САД, Канда
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1

