Виз Ер го превезе 100 милионитиот патник: 20% попуст за сите клуб резервации

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авио компанија во Централна и Источна Европа, денес го прослави својот најголем успех со превезениот 100 милионит патник на своите ниско-буџетни летови на кои лета во последните 11 години.
100 милионитиот патник патуваше на Визеровиот денешен лет од Лондон-Лутон до Варшава , а компанијата го прослави овој свој успех изненадувајќи ги сите патници во авионот со по еден бесплатен лет. 1,8 милиони патници кои летале со Wizz Air во изминатите 11 години, летале на една од рутите во Македонија.
Како заложба поради растечката популарност на својата ниско-буџетна понуда Визер континуирано работи на подобрување на услугите. Неодамна компанијата воведе резервација на седиште и дополнително овозможи за патниците со приоритет да носат личен багаж во авионот.
Визер го прослави својот историски успех и превезениот 100 милионит патник со снижување на цените за 20% на сите клуб резервациите кои ќе бидат направени денес и утре.

József Váradi, ЦЕО на Визер, рече: "Својот прв лет од Полска до Велика Британија го имавме 2004, а денес, 11 години подоцна, го прославуваме нашиот успех со 100 милиони превезени патници превземени од над 110 аеродроми во 38 земји. Оваа недела прославуваме на сите шест полски аеродроми бидејќи 40% од нашиот феноменален раст беше остварен од полските потрошувачи и нивните посетители. Горд сум што работам со тим од над 2,400 најдобри професионалци од својата област, од кои 650 се Полјаци, со кои постојано обезбедуваме неверојатно ниски цени на пазарот. Денешниот успех беше постигнат благодарение на нашата дисциплина во однос на трошоците и нашето штедење со што успеавме на нашите патници да им обезбедиме ниски цени и добра услуга. Остануваме посветени на зголемувањето на обемот на патничкиот сообраќај во сите полски региони каде што летаме и континуирана понуда за нашите потрошувачи на нови можности за патување, за бизнис, задоволство или во посета на нивните семејства. Искуството на Визер ќе продолжи преку заложба за нудење на ниски цени и квалитетна услуга што ќе овозможи дополнително и конфор кој го бараат нашите потрошувачи. Однапред се радувам што ќе понудиме повеќе нови рути, повеќе летови и повеќе можности за нашите патници.”
Ново на Сител
-

Тошковски: МВР делува неселективно еднакво спрема сите етникуми и навивачки групи
-

Во првиот месец од примената на „Безбеден град“ до Основниот кривичен суд Скопје поднесени вкупно 476 приговори
-

Одземени шест лиценци на компании за одгледување кабанис, Мицкоски очекува тој број да се зголеми во следниот период
-

МВР: Уапсена Ј.Ѓ. (27) од кривопаланечко, попречувала инспектори на АХВ да одземат крави
-

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние што сакаат да го видат мојот политички крај
-

Мицкоски: За ЕУ нема да водиме мекотелна политика
-

Ѓорѓиевски со порака за 22 години од смртта на претседателот Трајковски: Неговата визија останува патоказ
-

Кривична за Фатмир Дехари и две други лица, го оштетиле буџетот на Кичево за 1.400.000 денари
