Високораководните кадри ќе ги бира комисија, нема да ги назначува Владата

Државните секретари и директорите ќе ги бира комисија. Нивниот избор нема да биде ексклузивно право на Владата или министерот.
Изборот ќе го врши петчлена комисија со мандат од пет години што значи ќе го опфаќа работењето на две Влади.
Комисијата која ќе бира ќе биде составена од лица кои 4 години да не се поврзани со политика, да имаат 15 години стаж во човечки ресурси, да се стручни, да можат да се спротистават на политички и корпоративни влијанија.
Нивната плата ќе изнесува три просечни плати и не смеат да имаат друг ангажман.
Сослушувањето на кандидатите за членство во оваа комисија ќе се врши јавно, ќе се емитува на собраниски канал.
При изборот на лица за високораководни позиции, од пријавените на огласот, Комисијата ќе избира три лица од кои Владата ќе бира еден. Ако од трите кандидати една е жена, таа ќе биде избрана.
"Ова е тектонска промена во начинот на избор на лица на високораководни позиции", вели минисерот за администрација, Дамјан Манчевски.
Според него, ваков закон нема во ниту една источноевропска држава.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Ново на Сител
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
