Висок американски и руски генерал разговараа по телефон поради тензиите
Највисокиот американски воен офицер, генералот на воздухопловните сили Чарлс Квинтон Браун, минатата недела телефонски разговарал со началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, соопшти синоќа американската војска.
Тоа е првпат Браун да разговара со својот руски колега, јавија американски медиуми.
„Лидерите разговараа за голем број глобални и регионални безбедносни прашања, вклучувајќи го и тековниот конфликт во Украина“, наведе портпаролот на Браун во изјавата.
Реткиот повик се случи на 27 ноември, но „на барање на генералот Герасимов, генералот Браун се согласи да не го објави проактивно повикот“.
Барањето за повикот беше упатено од руското Министерство за одбрана, рече портпаролот.
Браун стана главен американски генерал лани, а Герасимов последен пат разговараше со претходникот на Браун, Марк Мили.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник