Вишеградската група бара дебата на Самитот на ЕУ за старт на преговорите

Премиерите на државите членки на Вишеградската група синоќа побараа од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск да иницира дебата за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија за време на Самитот на ЕУ, што денеска и утре ќе се одржи во Брисел.
Во писмото до Туск, премиерите на Полска, Словачка, Унгарија и Чешка го изразуваат своето незадоволство од неуспехот да се постигне консензус за старт на преговорите за членство со двете земји за време на средбата на шефовите на дипломатии на членките на ЕУ во вторникот.
– И покрај нашето разочарување од Советот за општи работи, предлагаме на овонеделниот Самит на ЕУ да се одржи решавачка дебата на која заедно ќе се обидеме да ја деблокираме ваквата состојба, наведуваат четворицата премиери во писмото, оценувајќи дека одлуката што би била донесена ќе се одрази врз кредибилитетот на ЕУ во регионот на Западен Балкан и „уште поважно ќе има сериозни и трајни последици врз стабилноста и безбедноста“ на Унијата.
Во писмото до Туск тие нагласуваат дека Северна Македонија и Албанија постигнаа значителен успех во спроведувањето на реформите што беа побарани од нив во рамки на претпристапниот процес и во регулирање на односите со нивните соседи.
– Го осудуваме фактот дека и покрај сето ова, ЕУ се уште не е во состојба на овие земји да им гарантира јасна европска перспектива, истакнуваат четворицата премиери во писмото.
На средбата на Советот за општи работи во вторникот, шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ не успеаја да постигнат договор за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и решија одлуката за ова прашање да им ја препуштат на лидерите на Унијата на дводневниот Самит што почнува денеска.
Апели за почеток на преговорите со двете земји на почетокот на месецов упатија и актуелниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неговата наследничка на оваа функција Урсула вон дер Лајен и првите луѓе на Европскиот совет, Туск и на Европарламентот, Давид Сасоли.
Европската комисија досега во два наврата препорача старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија – лани во април и во мај годинава, но земјите членки на ЕУ го одложија донесувањето олука за почеток на преговарачкиот процес.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
