Вирусот зика се прошири во Африка
Вирусот зика кој предизвикува микроцефилија кај новороденчињата и привремена парализа кај возрасните, се прошири низ целиот африкански континент, потврдија СЗО.
- Најновите податоци од Зеленортските острови се загрижувачки. Бројот на заболени е доказ дека епидемијата се проширила и надвор од јужна Африка, на целиот африкански контитент, изјави директорката на африканската канцеларија на СЗО Мадшидисо Ребека Моети.
Таа нагласи дека оваа информација треба да им помогне на африканските земји да се подготват за зголемениот ризик од заболувањето со цел да спречат зголемување на бројот на комарци кои го пренесуваат вирусот, да подготват лаборатории за рана дијагноза и заштита при сексуални односи, пренесува Танјуг.
Моети апелираше, со цел спречување на понатамошното ширење на вирусот, да не се патува во Африка.
Ново на Сител
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа