Вирусот Зика потврден и во Данска
Во Данска денеска е потврдено дека еден маж, кој престојувал во Мексико и Бразил, е позитивен на вирусот Зика.
Лекарот Ларс Естегард од Униврзитетската болница во Архус, втор по големина град во Данска, изјави дека станува збор за млад маж, кој им се јавил на лекар, бидејќи имал температура, главоболки и болки во мускулите.
Естергард изјави дека не гледа опасност болеста да се прошири во Данска.
- Неговата состојба е добра, закрепнува и наскоро ќе биде пуштен од болница, изјави Естергард.
Светската здравствена организација претходно предупреди дека опасниот вирус Зика би можел да се прошири во голем број земји и оти најверојатно ќе дојде до ширење на вирусот во сите држави на Јужна и Северна Америка, освен во Канада и Чиле.
За овој вирус, кој го пренесуваат комарците, не постои лек.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ