Виролог од Норвешка тврди: Коронавирусот настана во лабораторија, „побегна“ по грешка
Норвешкиот виролог Биргер Соренсен тврди дека коронавирусот потекнува од лабораторија, а од лабораторијата „побегнал“ по грешка.
Соренсен во интервјуто за шведскиот интернет портал „Фриа Тидер“ го наведе фактот дека евидентно е дека вирусот не потекнува од животно и токму поради тоа така брзо се шири меѓу луѓето.
„Цврсто верувам дека по грешка дојде до негово ширење. Кога американските власти во 2018-та година извршија инспекција во лабораторијата во Вухан, оценија дека тој објект е ризичен“, изјави Соренсен.
Овој експерт истакна дека постојат потврдени случаи кога вируси побегнале од лаботатории, така да ова не е толку контроверзно тврдење, посебно кога се гледа структурата на таа инфекција.
„Постојат многу лаборатории кои лошо работеле со вирусите и се случило тие да побегнат по грешка. Оригиналниот САРС вирус беше пуштен во Сингарпур. Имаме бројни случаи во кои дојде до „протекување“ на вирусот од лаборатории класа 3 и 4. Мислам дека коронавирусот побегна во втората половина од август или почетокот на септември 2019-та година. Многу работи не упатуваат на тој заклучок“, додаде тој.
Норвешкиот експерт верува дека брзото ширење на коронавирусот открива дека инфекцијата е веќе адаптирана за луѓе во лабораториите кои го истражуваат влијанието на вирусот на човечките клетки. Соренсен сепак порача дека засега нема конкретни докази дека оваа инфекција еволуирала природно.
„Морате да докажете дека ова дошло од природата. Во спротивно, евидентно е дека вирусот дошол од лабораторија“, изјави Соренсен и додаде дека постојат голем број на вируси произведени во лабораторија.
Ново на Сител
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел