Вирџинија ја укинува смртната казна
Во американската сојузна држава Вирџинија пратениците го усвоија предлог-законот за укинување на смртната казна, кој е испратен на потпис до гувернерот, демократот Ралф Нортем, кој има намера да го потпише. Со тоа Вирџинија ќе стане првата држава во јужниот дел на САД, каде ваков вид казна ќе биде укината на законодавно ниво, пишува Вашингтон пост.
Вирџинија ќе биде 23-та држава што ќе се откаже од смртната казна, која ќе биде заменета со доживотен затвор без помилување.
Како што наведува весникот, оваа држава досега беше лидер по бројот на извршени егзекуции на нејзина територија. За време на целото постоење на Вирџинија, која првично беше англиска колонија, а потоа и држава во САД, властите егзекутираа речиси 1.400 лица. Првата егзекуција е извршена во 1608 година, кога еден човек за кој се верува дека е шпански шпион е погубен во Џејмстаун, првата англиска населба во современите САД.
– Во долгата историја на Вирџинија, оваа држава егзекутирала повеќе луѓе од било кој друг. Време е да се запре оваа машина за убиства, изјавија гувернерот Нортем, лидерот на мнозинството во Сенатот Ричард Саслоу и претседателот на Претставничкиот дом Ајлин Филер-Корн.
Во декември минатата година неколку десетици членови на Конгресот на САД го повикаа актуелниот претседател на САД, демократот Џо Бајден, кој за време на својата предизборна кампања вети дека ќе ја укине смртната казна на федерално ниво и ќе постигне нејзино укинување на државно ниво.
Ново на Сител
-
Беќаровски: Денес дознав дека скафандерот можел да служи и инфицирано лице да шета низ здрава средина
-
Имотот ќе го пријавуваат сите административци кои даваат услуги на граѓаните, најавува Николовски
-
Николовски очекува целосно да се расчисти случајот со поранешниот генерален секретар на Владата
-
Николовски: На седница во вторник, Владата ќе предложи шести пакет економски мерки
-
САД категоричнo негираат каков било обид за атентат на Лукашенко или за државен удар во Белорусија
-
САД: Русија ќе се соочи со последици доколку Навални умре
-
Голема железничка несреќа во Египет, повредени најмалку 97 лица
-
Мото ГП: Квартараро триумфираше во Португалија