Вински фестивал се одржа во Кавадарци
Тиквешки вински фестивал за првпат се одржа во Кавадарци, во организација на Здружението на семејни винарии, во соработка со Здружението на винари. На фестивалот можеа да се дегустираат производите на 16 семејни винарии кои произведуваат во домашни услови, две дестилерии, една мандра и една млекара. Изложени беа производи од грозје, како вина, ракии, вињаци, маџун, но и сирења и кашкавали.
Александар Клинчаров од Здружението на семејни винарии, изрази надеж дека настанот ќе прерасне во традиција.
Претседателот на Здружението на семејни винарии, Горан Јаковлевски посочи дека производството на вино, ракија и маџун се извршува во рамките на нивните семејства во домашните подруми.
– Овие прекрасни производи за жал не можат да се најдат во ниедна винска продавница или супермаркет, но со измените на Законот за вино кои се веќе направени и со измена на подзаконските акти и на некои правилници, нешто што очекуваме да се случи во брзо време, се надеваме дека набрзо нашите вина ќе се најдат на трпезите во нашата држава, додаде Јаковлевски.
Тој нагласи дека присутните имаат можност да го вкусат нивното производство и да се уверат во неговиот квалитет.
Блаже Миневски како член на винското витештво од нашата држава, додаде дека ним како производители, им е обврска да ја негуваат традицијата и да ја шират винската култура, промовирање на виното во земјава и странство.
Задоволство од настанот, изрази и Елена Богева, енолог и потпретседател на Здружението на винари.
– Наша заедничка цел е да се произведе што е можно поквалитетно вино, што е можно повеќе да се промовираме како винска земја, а сите добри домашни производители да регистрираат фамилијарни бизниси. И во иднина ќе работиме на унапредување на лозаровинарството и развој на винскиот туризам, нагласи Богева во изјава за МИА.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација