-->
-->
Виничанецот и неговата партнерка од Хрватска ќе бидат пуштени на домашно лекување
-->

Триесет и шест годишниот Виничанец и неговата партнерка со хрватско државјанство кои вчера доцна попладнето избегаа од штипското Инфективно одделение додека се вршело анализа дали мажот има позитивен или негативен тест на корона вирус денеска по препорака на санитарниот инспектор ќе бидат пуштени на домашно лекување, бидејќи тестот покажал дека не е заразен од овој вирус, објави денеска на прес-конференција директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.
Тој истакна дека вчера околу 14 часот на Инфективното одделение со возило на Итната медицинска помош во придружба на епидемиолог од Виница пристигнале виничанецот и неговата партнерка, кој претходно се пожалил на покачена температура. На инфективното одделение биле сместени во соба на првиот кат на Инфективното одделение, каде што има посебен влез и излез.
-Околу 14 и 30 часот земени му се резултатити за испитување има позитивна епидемиолошка анкета бил во Северниот дел на Италија и додека се чекаат резултатите од земените материјали пациентот заедно со неговата партнерка своеволно го напуштил Инфективното одделение, вели Ѓеорѓијев.
Додека биле сместени во болничката соба на долниот кат на Инфективното одделение, 36-годишниот виничанец успеал да го извади горниот дел од вратата и оттаму побегнале со неговата партнерка. Ѓеорѓијев вели дека се пронајдени во домот на виничанецот, а по неколку часа се вратени на Инфективното одделение во придружба на полицијата. Двајцата се сместени во изолациска соба на вториот кат од Инфективното одделение, а за неколку часа ќе ја напуштат по препорака на државниот санитарен инспектор. Пациентот вчера агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал, додека се чекало да пристигнат резултатите.
-Во секој случај незадоволен од ситуацијата, така се случило си заминал, вратен е и веројатно е тој свесен за постпката која ја направил, бидејќи треба да се грижиш за сопственото здравје, но и за здравјето на сите околу него и какошто реков резултатот е негативен на корона вирус, посочи Ѓеорѓијев.
Апелира граѓаните да не шпеклуираат за настанот и да не се крева паника на социјалните мрежи. Инфективното одделение денсека е обезбедено од страна на полицијата.
Началникот на Инфективното одделение-Штип, Дијана Шишкова вели дека освен овие двјаца пациенти сместени во болничка соба, на одделението нема други пациенти ниту во собите, ниту, пак, во карантинскиот дел. Во меѓувреме обезбедена е и заштитната опрема за штипските инфектолози и 11 медицински сестри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
