Вимблдон (ж): Финале Халеп-Серена Вилијамс
Серена Вилијамс во сабота ќе се обиде да стигне до рекордна 24. гренд слем титула и осма од тревнатите терени на Вимблдон, откако во дуелот на две ветеранки не и даде вистинска шанса на Чехинката Барбора Стрицова.
Стрицова, која го играше своето прво гренд слем полуфинале на 33 години, во текот на целиот меч беше во подредена положба и успеа да освои само три гема (6:1/6:2). Вилијамс, која лани загуби во финалето на „Ол Ингланд клубот“ од Анџелике Кербер уште ја чека својата прва гренд слем титула откако стана мајка, и во сабота ќе се обиде да го израмни рекордот на Австралијката Маргарет Корт со 24. титула од големите турнири.
„Добро е да си назад во финалето, и знаев дека можам, но дека ми се потребни мечеви. Во секој следен меч бев подобра и сега мислам дека можам да го дадам максимумот. Секој ден станувам со мислата да се натпреварувам пред публика. Го сакам тоа што правам. Ќе биде тешко против Симона, секогаш е така. Едвај чекам“, изјави Вилијамс.
На 37-годишната Американка ќе и се спротистави Романката Симона Халеп, која оди на втора гренд слем титула и прва од Вимблдон, но влегува во мечот со само 2-9 скор против Серена. Вилијамс ги има добиено последните пет дуели (од 2015 година), вклучувајќи ја и пресметката во четвртото коло на Австралија опен во јануари.
Ново на Сител
-
МЗ: МАНУ детектираше британски сој на коронавирусот кај еден од пациентите кои патувале во Занзибар
-
Заев побара Собранието да гласа за доверба на Владата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фридом Хаус потврди – Македонија има сериозен проблем со корупцијата
-
Заев предлага гласање за доверба на Влада?
-
807 нови случаи на КОВИД-19 во земјава
-
Вакцинирани 2860 здравствени работници, 119.210 граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19
-
Бајден: До крајот на мај во САД ќе има доволно вакцини за сета возрасна популација
-
Стоилковски: „Кубис медикал“ за три години добила државни тендери од 5 милиони евра