-->
-->
Вимблдон: Серена Вилијамс и Радванска ги комплетираа полуфиналистките
-->
Серена Вилијамс и Агнешка Радванска се пласираа во полуфиналето на Вимблдон. Вилијамс со пресврт дојде до триумф против Викторија Азаренка и од 0-1 победи со 2-1 во сетови (3:6; 6:2 и 6:3). Ова за Вилијамс ќе биде 9.то полуфинале на Вимблдон. Таа во четврток во полуфиналето ќе игра против Марија Шарапова која со 2-1 (6:3; 6:7 и 6:2) ја победи Коко Вандевеге.
За разлика од неа Радванска се избори за своето трето полуфинале во лондон. Таа беше поуспешна од Медисон Кејс од САД со 2-1 (7:6 (7:3); 3:6 и 6:3). Нејзина ривалка во полуфиналето ќе биде Шпанката Мугуруза.
Утре на Вимблдон се играат машките четвртфинални мечеви:
Новак Ѓоковиќ (1, носител) - Марин Чилиќ (9),
Стан Вавринка (4) - Ришар Гаске (21),
Васек Поспишил - Енди Мареј (3),
Жил Симон (12) - Рожер Федерер (2).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден