-->
-->
Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-->

Седумкратниот освојувач на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, е казнет парично со 5.600 фунти за недолично однесување за време на осминафиналниот натпревар против Русинот Роман Сафиулин, објавија денеска организаторите на грен слем турнирот.
Во соопштението на организаторите на Вимблдон, се наведува дека Ѓоковиќ е казнет за „гласни вулгарности“ изговорени во дуелот што се одигра во неделата.
Ѓоковиќ го победи Сафиулин по четири сета, 7:6, 6:3, 3:6, 6:3 и во меѓувреме се пласираше во полуфиналето со вчерашниот триумф во пет сета над Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде прворангираниот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
-

Министерката за образование ги негира обвинувањата во студенските домови
-

Трка со календарот за Македонските возачи: Николоски најавува договор за визи и со Австрија
-

Монтеко освои две златни медали на Меѓународен натпревар во Германија
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
