„То Вима“: Мали очекувања за решавање на името

Да бидеме внимателни во очекувањата за прашањето за името со Скопје, рекле за „То Вима“ кругови од грчката дипломатија, поткрепувајќи го ова со ставот дека разликите меѓу двете страни, за одредени точки сѐ уште се големи.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, весникот, во текстот под наслов „Мали очекувања за решавање на името со ПЈРМ“, анализира дека се прават напори за да се доближат позициите на двете страни.
- Постојат многу отворени прашања и многу случаи кои предизвикуваат несогласувања меѓу двете страни. Се прават напори за да постои поклопување за основни точки, но постојат многу разлики, коментираат за „То Вима“ грчки дипломати.
Според весникот, во пречките што се поставуваат се и честите споменувања на Уставот од премиерот Заев, и ставовите дека не е потребна промена затоа што не постои ниту иредентизам, ниту територијални претензии.
- Ова е една точка што тешко може да помине овде во Грција, па дури и да биде прифатено името, коментира „То Вима“.
Во однос на името, весникот пишува дека и покрај тоа што Горна Македонија преовладува, сепак, ни тоа прашање не е затворено.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
