Македонија
5. September 2026 - 16:28

Охрид ќе добие Младински Културен Центар

Охрид ќе добие модерен младински културен центар. Просторот кај поранешната касарна до крајот на 2027-ма ќе се реконструира во катче за младите но и простор за туристичка понуда во делот на културата и уметноста,место каде ќе се одржуваат концерти ,саеми ,тетарски претстави и изложби.

Во новите простори младите ќе можат да се дружат, изразуваат, но и да се надоградуваат. 

Просторот околу објектот ќе биде преуреден во летна сцена, каде што во иднина ќе можат да се одржуваат поголеми манифестации.