Вил Смит јавно се покаја за шлаканицата на „Оскарите“
Откако извесно време остана подалеку од очите на јавноста, Вил Смит се појави во „Шоуто на Тревор Ноа“ заради промоција на својата нова историска драма „Еманципација“ (Emancipation). Во емисијата, меѓу другото, тој проговори и за инцидентот на „Оскарите“ кога Вил му удри шлаканица на Крис Рок на сцената.
– Тоа беше ужасна ноќ, како што може и да си замислите. Има многу нијанси и сложеност во тоа. Но, на крајот, едноставно се изгубив. И сам минував низ нешто таа вечер. Не дека тоа го оправдува моето однесување… Имаше многу нешта. Тоа беше „мало момче кое го гледа татко сѝ како ја тепа мајка му“… Сѐ тоа прекина во тој миг. Тоа не е она што сакам да бидам!, изјави оскаровецот.
Смит се потсети и на една анегдота по „Оскарите“…
– Мојот внук има само девет години. Тој е најслаткото мало момче. Дојдовме дома. Тој остана буден до доцна да го види својот вујко Вил. Седиме во мојата кујна, го држам в скут, па држејќи го „Оскаров“ ме прашува: Зошто го удри тој човек, вујко?“, раскажува глумецот.
Тој се кае за немилиот настан, но се надева дека тој нема да влијае на успехот на неговиот нов филм.
– Целосно ќе разбирам ако некој не е подготвен (да го погледне филмот, б.п.). Апсолутно би го почитувал тоа и нека не биде подготвен. Но, мојата најголема грижа е мојот тим… Луѓето ги завршија најдобрите работи во целата моја кариера и се надевам дека моите постапки нема да ја казнат екипава, нагласи Смит.
Прикажувањата на филмот требаше да почнат во мај годинава, но беа одложени поради случката на „Оскарите“. Филмот ќе се појави во американските кина оваа недела, а ќе биде достапен и на стрим-платформта „Епл ТВ плус“ почнувајќи од 9 декември.
Ново на Сител
-

По одлуката на Уставниот суд за Балуку, Рама најави продолжување на битката
-

27-годишник возел „порше“ без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
