Викторија Лоба и Боби Мојсоски на плоштад во Охрид за највеселата ноќ

Викторија Лоба и Боби Мојсоски, ансамблот „Билјана Јуниор“ и групата „Компас бенд“ се уметниците кои ќе ги забавуваат охриѓани и гостите што ќе решат Новата 2016 година да ја дочекаат на Градскиот плоштад во Охрид.
Општинските власти очекуваат плоштадот за највеселата ноќ да биде исполнет, со забава за сите генерации и традиционален новогодишен огномет.
- Најавите од туристичките агенции, хотелитерите како и од приватните станоиздавачи, укажуваат дека Охрид и оваа година да биде препон со гости за Новогодишните празници. Најголем број од нив ќе бидат од Република Македонија но и од соседните држави пред се од Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија. Најавено е и присуство на гости од Полска и Турција, рече синоќа градоначалникот Никола Бакрачески.
Бакрачески потенцира дека престојните Новогодишни и Божикни празници само ќе претставуват едно заокружување на успешната туристичка сезона 2015.
- Се надеваме дека новогодишните празници ќе бидат еден финален дел, ќе ја комплетираат сликата на успешната сезона која што ја имавме оваа година, која бележи растечки тренд во однос на минатите години. Според податоците кои се уште се обработуваат а за кои наредниов период повторно ќе излеземе со детали пред медиумите, има пораст во бројот на гости за 11 отсто споредено со минатата година и пораст на остварените ноќевања за околу 7,6 проценти во однос на лани, рече тој.
Инаку, за украсување на градот оваа година ќе бидат потрошени околу еден 1,8 милиони денари додека за дочекот на Новата година заедно со огнометот ќе бидат потрошени уште дополнителни 700 илјади денари.
На Градскиот плоштад во Охрид во тек е дванаесетдневната предновогодишна програма, со настапи на ученици од основните и средни училишта, најмладите од детските градинки, млади уметници, членови на културно-уметнички друштва, танцови клубови, талентирани поединци.
Ново на Сител
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
