Викендов почнува 4. Скопје Стрит Фестивал
Четвртото издание на Скопје Стрит Фестивал (ССФ) ќе се одржи викендов во Градскиот парк каде на вкупно пет креативни сцени за урбана култура: графити, стрит бол, работилници, денс и музички стејџ, се очекуваат да присуствуваат над 5.000 прогресивни Скопјани, а и гости од регионот од сите возрасти.
Новитети за оваа година, како што информираат организаторите, се неколку интерактивни работилници „Custom патика”, работилница за продукција на музика “Beats & Breaks” со диџеј Propo 88 од Холандија и Red Bull Curates проект за креативно исцртување на нови површини.
Нов стејџ за оваа година, поддржан од Win Music Freedom е и Dj’s Clash натпреварот кој ги повикува сите млади вљубеници во електронската музика да се пресметаат со свој 30-минутен сет. Победникот ќе биде оценуван од наши познати диџеи, и ќе има можност да пушта свој двочасовен сет во некој од скопските клубови.
- ССФ продолжува и оваа година со уште поголема динамика и поширок концепт за градење на улична култура и урбано будење. Скопје претставува симбол на солидарноста и подадена рака, па оттаму и идејата за споделување на нови искуства од еден поинаков вид. Фестивалот е од отворен тип и навистина претставува отворена и слободоумна платформа за споделување на забава, креативност и едукација. Идејата ни е да ги разбудиме младите, да излезат и да покажат на кој начин креативно ќе можат меѓусебно да се „пресметаат”, посочуваат организаторите.
Влезот е слободен за сите сцени, сите три дена од случувањата почнувајќи од 17 часот на 1 јуни до полноќ на 12 јуни.
Покрај кампањите на социјалните медиуми и графичкиот идентитет на настанот, оваа година е изработена и мобилна апликација за андроид и иос платформите. Освен информации за настанот и програмата, апликацијата ќе се користи и за гласање на Red Bull Curates натпреварот, за пријавување идеи, волонтери, предлог артисти и слични барања на нашата публика. Линковите за преземање на апликацијата ќе бидат официјално објавени на фан пејџот на Skopje Street Festival.
Скопје Стрит Фестивал се одржува од 2013 година и секоја година, над 100 урбани артисти имаат можност да ја изразат својата креативна мисла. Оваа година фестивалот беше добитник и на две престижни меѓународни награди на Eventex-Global Event Awards во Софија, Бугарија - две втори места за најдобар културен настан и најдобар фестивал, посочуваат организаторите.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала