Loading Video...
Спорт плус
5. April 2018 - 15:13

Викендов на Матка „ИКАС 2018“ и Европски куп во спуст

Викендов на Матка, ќе се одржи јубилејното 50.то издание на меѓународната кајакарска манифестација „ИКАС“ како и Европскиот куп во спуст.
 
Се е подготвено за јубилејниот 50-ти Илинденски Кајак Слалом „ИКАС 2018“ како и Европскиот куп во спуст, информираа денеска од Кајакарската федерација на Македонија. 
   
Преку 70 натпреварувачи од 14 земји во светот меѓу кои Словенија, Русија, Хрватска, во сабота ќе учествуваат на спустот и квалификациите за слалом, додека полуфиналните и финалните натпревари се во недела.
 
-Заложбата за поддршка на еден од најстарите спортски настани во југоисточна Европа останува и понатаму. Кајакарството во Македонија има традиција, резултат и претставува спорт кој освен спортските привилегии нуди и промоција на природните и културни вредности во Македонија, изјави Дарко Каевски директорот на Агенцијата за млади и спорт.
 
-Огромно задоволство е повторно да сме во Македонија, во земјата која има идеални услови за одржување на еден ваков спортски настан. Нашето пријателско партнерство со кајакарската федерација на Македонија продолжува и понатаму, истакна  Томислав Црнковиќ, претседателот на Комитетот за слалом при Светската кајакарска федерација 
 
Вечерва во Музеј на град Скопје ќе се одржи и свеченото отворање, а натпреварите стартуваат утре од 9 часот.