Викендов и во понеделник без струја корисниците од Центар, Гази Баба, Илинден и Ѓорче Петров
Без струја во сабота, недела и понеделник ќе бидат дел од корисниците во општините Центар, Гази Баба, Илинден и Ѓорче Петров, информираат од РЦУК Скопје.
Во сабота без електрична енергија од 08:00 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од ул. Кеј 13-ти Ноември во општина Центар.
Во недела од 08:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од населба Илинден - фирмите: Гама Инвест, Делта Комерц, Дени Шпед, Дета Деан и Рио Кафе во општина Илинден, како и дел од корисниците од населба Хиподром и Маџари, во општина Гази Баба.
Во понеделник од 08:30 до 09:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Мајаковски броевите 1 и 3 во општина Центар, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од село Волково, улиците 101, 24, 56, 58 во општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар