Вијагра од минута во минута, еве што се случува кога ќе ја испиете сината пилула
Дури половина мажи меѓу 40 и 70 години доживуваат еректилна дисфункција, а многумина спас побарале во малата сина пилула – вијагра.
Сите се свесни за нејзиното дејство, но ретко кој знае како таа навистина функционира и што се случува со организмот откако таа ќе се испие. Компанијата „Superdrug“ направила истражување за да може да ја објасни хемиската реакција во телото и нејзиното влијание на сексуалниот живот на мажите, пишува британски Мирор.
Во првите 12 минути
Телото брзо ја апсорбира вијаграта, а мажите кои страдаат од еректилна дисфункција ќе ги почувствуваат првите ефекти во првите 12 минути по пиењето на таблетата.
Во 27-та минута
Ако мажот не доживее ерекција за време на првите 12 минути, тоа може да го постигне за половина час. Истражувањето покажало дека најголем број од мажите добиле ерекција 27 минути по пиењето на пилулата.
Докторите предупредуваат дека ако и тоа не се случи, треба да почекаат до еден час бидејќи се уште постои можност за ерекција.
Во 57 минута
Пилулата сега ја постигнува својата максимална концентрација во крвта и тоа е главната причина зошто се препорачува мажите да ја испијат еден час пред сексуалниот однос.
По 4 часа
Сега дозата на пилулата во телото е намалена за 50 проценти, но тоа не значи дека веќе не може да се постигне ерекција. Погрешно е мислењето дека ерекција не може да се постигне по истекот на ова време
По 10 часа
Во едно од спроведените истражувања, испитаниците лесно можеле да постигнат ерекција дури и 10 часа по пиењето на вијаграта. Дури и по 12 часа многу мажи може да имаат ерекција, но нејзиното траење е намалено, во просек 16 минути.
По 24 часа
По изминати 24 часа речиси сите траги од пилулата исчезнуваат од крвотокот, а со тоа и секоја помош за ерекција.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка