Виенски бал 2016 во Скопје
Традиционално по 17- ти пат вечер ќе се одржи Виенскиот бал во Скопје во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус”, а под покровителство на амбасадата на Австрија во Македонија.
Валцерите на Штраус ќе ги изведе професионалниот оркестар „Јохан Штраус“ под диригенство на маестро Саша Николовски – Ѓумар.
Атрактивните танцови точки и оваа година им се препуштени на членовите на „Прима Данца“, а ќе настапат и првенците на Балетот при МОБ – Мими Поп Алексова-Атанасовска и Бобан Ковачевски. Посетителите, освен валцери, ќе танцуваат и на евергрини и на македонски хит рефрени во изведба на Нина Јанева, Горан Папаз, „2Exit“ и „Тумбао салса бенд“.
Оваа година, Балот има хуманитарен карактер. Дел од средствата од продадените билети се наменети за лицата со попреченост меѓу кои и лицата со Даунов синдром при Здружението за промоција на општествена инклузија, „Инклузивни решенија Скопје“.
Виенскиот бал ќе се одржи во хотелот Александар Палас.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга