Видевски го смени исказот, Обвинителството тврди дека има докази
Еден од осомничените за грабнувањето и убиствата на 14 годишната Вања и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски, каратистот Боре Видовски денеска во Врховниот суд по повод жалба за неговиот притвор, го смени исказот даден во Oбвинителство и тврди дека е невин.
Видовски, преку неговиот адвокат побарал мерката притвор да му биде заменета со куќен притвор бидејќи истрагата е завршена, а не постои опасност од бегство или влијание врз сведоци. При тоа тој тврдел и дека не е инволвиран во грабнувањата и убиствата.
Врховниот суд, сепак, ја одбил жалбата на Видовски.
Од Обвинителството пак, велат дека новото тврдење на осомничениот не влијае за постапката, а првичниот исказ останува доказ.
„Во текот на постапката осомничените можат да ги менуваат исказите меѓутоа првично дадените искази се снимени. Дополнително, таквите искази одговараат на останатите материјални докази обезбедени од обвнителите и можат да се користат како доказ во понатамошната постапка“, велат од Обвинителството за Сител.
За грабнувањето и убиствата на Вања и Жежовски осомничени се 4 лица – сите во притвор, меѓу кои Љупчо Палевски Палчо кој неодамана беше екстрадиран од Турција. За помагање во грабнувањето на Вања е осомничен и нејзиниот татко, кој пак е во куќен притвор. Адвокат од Струмица пак, е осомничен дека му помагал на Палчевски да избега во Турција, но тој е само со мерки за претпазливост.
Истрагата за случајот е завршена, се чека обвинителниот акт.
Ново на Сител
-
По барањето од ОЈО Скопје, одложена закажаната расправа за убиството на Вања и Панче
-
Мицкоски: Скопје стои како симбол на издржливост и солидарност
-
Николоски: Градежните работи на експресниот пат Градско - Прилеп се засилуваат од август, до крај на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново
-
Собраниска делегација положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје
-
Шефот на албанската дипломатија, Хасани кандидат за генерален секретар на ОБСЕ
-
Се возеле со мотори и АТВ во заштитениот дел на Шар Планина, покрената постапка
-
Во следните денови постепено зголемување на температурата
-
Затворен сообраќајот кај Страцин