Македонија
2. November 2015 - 15:54

Видеозапис од божикниот концерт на „Скопски солисти“ во 2014-та

Камерниот оркестар „Скопски солисти“ денеска во Музеј на Град Скопје го промовираше новиот диск насловен „Festiv Music n.2“.

Изданието е видеозапис од божикниот концерт одржан на 8 јануари 2014 година, во продукција и во салата на ЈУ Конгресен центар Александар Македонски. 

На тој концерт настапија сопранистката и првенец на Македонската опера и балет Весна Гиновска-Илкова и Хорското студио „Рустико“ под водство на бугарскиот диригент Андреј Андреев.

- Концертот предизвика големо внимание кај македонската музичка публика и тогашната Универзална сала беше исполнета до последното место, соопшти оркестарот „Скопски солисти“.