Фудбал
12. July 2017 - 21:17

(ВИДЕО) Вардар одигра нерешено 1-1 на гостувањето кај Малме

Македонскиот шампион Вардар остана непоразен и постигна гол во гости во првиот натпревар од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите против Малме.

Мечот на „Сведбанк арената“ заврши без победник 1-1 (0-0) со одлично издание на „црвено-црните“ во вториот дел.  

Во првото полувреме црвено-црните поточно Балотели во два наврати имаше големи шанси да го доведе Вардар во водство, но резултатот остана непроменет. Она што не успеа да го искористи Бразилецот, конечно во 63-минута му успеа на Бобан Николов кој по обидот на Балотели да шутира, неговиот удар беше изблокиран, а топката дојде до Николов кој шутираше во долниот лев агол, за водство на Вардар од 0:1.

Примениот гол како да ги разбуди домашните фудбалери кои со сите сили притиснаа кон голот на Вардар. Таквиот притисок резултираше со гол во 75-минута, кога по центаршут од од левата страна, Франц Брорсон со глава од 5-6 метри го совлада Гачевски и го израмни резултатот на 1:1. 

Малме се обидуваше да дојде и до втор гол, но добрите интерванции на Гачевски и среќата во последните минути им донесоа на вардарци позитивен резултат пред реванш дуелот во Струмица закажан за следниот четврток (20 јули). 

 

ГОЛОВИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИТЕ ОВДЕ