Живот
19. April 2017 - 16:45

Видео поради кое научниците се во шок: Ова не би требало да постои!

Група научници соопштиле дека за прв пат пронашле примероци од редок гигантски морски црв, на Филипините.
 
Деталите за црвот кој може да достигне и до 1,5 метри должина и 6 сантиметри ширина, се објавени во американско научно списание, пренесува Би Би СИ.
 
Џиновскиот морски црв (Kuphus polythamia) живее во тврда школка на калциум карбонат во кал од која се храни.
 
И покрај името, овој пронајдок припаѓа во групата на школки.
 
Би Би Си вели дека ниту еден жив примерок од оваа врста на црв не е проучен досега.